Најжешките навивачки на Англија чекаат верно на плажата пред хотелот
- Детали
- четврток, 12 јуни 2014
Пред хотелот на англиската репрезентација во Рио де Жанеиро се собрало фино женско друштво. Некои фоторепортери ги забележале згодните секси девојки со минимални бикини на себе како ги чекаат на плажата англиските фудбалери кои сакаат да се опуштат и забавуваат.
Бидејќи сè е во знакот на фудбалот тие со себе понеле и навивачки знамиња и маички, меѓу кои се забележува дека токму тимот на Рој Хоџсон е нивниот фаворит.
На репрезентативците сигурно им било тешко да ги гледаат овие провокативни облини само од прозорците на своите соби, но професионалноста и посветеноста на она што ги очекува е на прво место.
Сепак, ако овие девојки се појават и на трибините, камерите ќе можат да пренесат вистинско уживање за гледачите. Нема подобра комбинација од светски фудбал и згодни девојки на едно место.