Кој му ја исцрта маицата на Бред Пит?
- Детали
- понеделник, 09 јуни 2014
На последното појавување каде беа забележани Бред и Анџелина, на аеродромот во Лос Анџелес, Бред Пит носи бела маица на која е нацртан пар на маж и жена кои се претпоставува дека се тој и Анџелина, а уметничкото дело веројатно е на нивната ќерка Вивиен која има 5 години.
Бред се појавувал во најразлични модни комбинации и речиси секогаш изгледал неодоливо, но овојпат ја има најслатката модна комбинација.
Крем панталони и сатенско палто, а под него рачно исцртана бела маица, која гордо ја носи како највредно уметничко дело.
Згора на тоа и сламен шешир кој некако не му оди во целата комбинација, но тоа е Бред Пит и не може да му се замери.