Даниел Кајмакоски одржа мини концерт на „Макфест“ (видео)
- Детали
- сабота, 07 јуни 2014
За време на ревијалниот дел од втората полуфинална вечер на овогодинешниот „Макфест“, како специјален гостин се појави победникот на првиот „Х-фактор Адриа“, Даниел Кајмакоски.
Поздравен со многу овации, врискање и аплаузи тој ја забавуваше публиката околу 40 минути. Изведе неколку странски и неколку македонски песни, меѓу кои и дел од легендарните хитови на „Макфест“ како „Осамен“ и „Сонце за три света“. Придружуван беше само од Роберт Билбилов на пијано.
Направи одлична атмосфера, супер се забавуваше и тој на сцена, но и публиката која го следеше со возбуда.
Даниел уште еднаш покажа зошто публиката го сака и поддржува.
Погледнете го комплетниот негов настап: