Сите се прекрасни со шминка, но без неа...
- Детали
- петок, 30 мај 2014
Познато е дека зад сите славни личности кои ги гледаме за да изгледаат беспрекорно стои цел тим на стилисти кои се грижат за нив.
Шминкери, фризери, креатори и фотографи се постојаните луѓе кои ги следат ѕвездите и се трудат да го средат и покријат секој нивни недостаток.
Токму затоа изгледаат така совршено и прават да чувствувате дека се нешто посебно кое никогаш нема да го достигнете.
Всушност, тие се обични луѓе, вообичаени девојки кои имаат подочници, акни, црвенила, сува или мрсна кожа, проблематична коса и сите нормални проблеми кои ги има секоја девојка во одреден период.
Кога седат дома, кога спијат или се шетаат на места каде мислат дека никој не ги забележува, сигурно не изгледаат како на телевизија.
Да не е целиот тој гламур околу нив, можеби и воопшто не би ги забележале ако поминат покрај вас.
Погледнете ги ѕвездите без шминка и забележете ја разликата: