Ким Кардашијан и Канје Вест на таен меден месец во Ирска
- Детали
- вторник, 27 мај 2014
Откако целосното светско внимание го привлекоа со венчавката во Фиренца, Италија, сите церемонии и детали кои се држеа во тајност, скришните и засега мал број фотографии кои излегоа, тие решиле и да заминат на таен меден месец.
Според изворот од еден ирски магазин, младенците пристигнале со приватен авион во Ирска уште следниот ден по свадбата и планираат таму да го поминат својот краток петдневен меден месец.
Слетале на аеродромот Cork Airport во придружба на огромен персонал од обезбедување, асистенти и готвачи, а биле пренесени со лимузина Мерцедес.
Непотврдени гласини се шират дека се сместени во луксузниот хотел со 5 ѕвезди, Castlemattyr Resort, каде според некои извори во 1999 година таму отседнале и нејзините родители.
Немале многу време за да се задржуваат со прошетка низ Италија, а нема многу да шетаат ниту овде, бидејќи сакаат да се одморат и да се подготват за она што ги очекува во Америка.
Нивната ќерка Норт, не е со нив туку со мајката на Ким, баба Џенер.