Најинтелигентните ѕвезди-генијалци во Холивуд
Синди Крафорд (IQ 154)
Oсвен што е една од најубавите 100 жени во светот, Синди (48) е една од најинтелигентните во Холивуд. Со манекенство почнала да се занимава кога имала 17 години. По средното училиште се запишала на студии за хемија, но се откажала после првиот семестар за да се посвети на кариерата како модел.
Долф Лундгрен (IQ 160)
Дипломиран инженер по хемија глумел во повеќе од 40 акциони филмови. Лундгрен (56) е роден во Шведска, а покрај тоа што глуми има и многу режирани филмови. Има црн појас во карате и бил првак на Европа во 1980 и 1981 година. Студирал во Шведска, Америка и Австралија, а дипломирал со најдобри резултати.
Мет Дејмон (IQ 160)
По успехот со филмот „Good Will Hunting“ за кој тој и Бен Афлек добиле Оскари, кариерата на Мет (43) тргнала по нагорна линија. Освен што глуми, Дејмон и продуцира , пишува сценарија и го позајмува гласот во анимирани филмови. Студирал на Кембриџ и Харвард, но не дипломирал, бидејќи го напуштил факултетот за да глуми во филмот „Џеронимо: Американска Легенда“
Квентин Тарантино (IQ 160)
Глумецот, продуцент, сценарист и режисер на бројни култни филмови, освојувал бројни награди, а магазинот „People“ во 2005 година го стави во 100-те највлијателни луѓе во светот. На 15 години го напуштил средното училиште за да оди во школата за глума. Но, се откажал и од тоа училиште. Кога го прашуваат дали одел во филмска школа, одговара: „Не, јас одев да гледам филмови“.
Декстер Холанд (IQ 170)
Фронтменот на калифорнискиот панк рок бенд „Тhe Offspring“ дипломирал на молкеуларна биологија. Холанд (48) запишал и докторски студии, но ги паузирал кога почнал да реди успеси со бендот. На академската работа ѝ се вратил во 2003 година и со колегите објавил научен труд на тема: Човековата микро RNA во гените на вирусот ХИВ.
Роуан Аткинсон (IQ 178)
Британскиот глумец, комичар и сценарист кој е најпознат по улогата на Mr. Bin прогласен е за еден од најдобрите 50 комичари некогаш. Аткинсон (59) има диплома за електроинженер од Оксфорд, а успешната кариера ја изградил на телевизија, во театар, на радио и во филм.
Џејмс Вудс (IQ 180)
Глумецот кој двапати е номиниран за Оскар студирал политички науки на Институтот за технологија во Масачусец иако претходно планирал да студира медицина. Но, пред дипломирањето се откажал од студиите за да може да се посвети на актерската кариера.