Најинтелигентните ѕвезди-генијалци во Холивуд
- Детали
- понеделник, 26 мај 2014
Покрај успешната кариера во индустријата на забавата некои од познатите личности успеале да постигнат и високи академски резултати. Тие се само 2 % од светската популација и се ѕвезди-генијалци.
Многу од нив иако имале голем потенцијал, поради кариерата го напуштиле школувањето, но достигнале врвни резултати и останале меѓу најпознатите во шоубизнисот.
Џина Дејвис (IQ 142)
Покрај тоа што има успешна кариера во шоубизнисот како глумица, модел, продуцентка и писателка, Џина (58) е успешна и во спортот. Во 2000 година се квалификувала како резерва на стрелечкиот тим на САД кој настапил на Летните олимписки игри во Сиднеј. Оскаровката дипломирала драматургија во Бостон.
Мерил Стрип (IQ 143)
Холивудската дама Мерил (64) влегла во историјата како личност која најмногу пати била номинирана за наградата Оскар, дури 18 пати, а го добила само 3 пати. Студирала на Васар, Дартмут и Јеил каде дипломирала на драматургија. За неа често велат дека е една од најдобрите глумици на сите времиња.
Нолан Гулд (IQ 150)
Американски детски глумец кој е најпознат по улогата на Лук Данфи во серијата „Модерна фамилија“. Младиот генијалец завршил средно училиште на 13 години. Нолан (15) се надева дека ќе може да се запише на факултет и да слуша предавања онлајн.
Шерон Стоун (IQ 148)
Оскаровката (56) како дете била многу напредна и надарена, па второ одделение била на 5 години. Но, не завршила факултет. Се запишала на факултет во Единбург, но го напуштила за да се занимава со манекенство, кое подоцна го напуштила заради глумата.
Џим Морисон (IQ 147)
Фронтменот на легендарните The Doors, текстописецот и пејач, Џим Морисон од мал многу сакал да чита. Бил надарен и помеѓу останатите дела ги читал и Ниче, Кафка и Балзак. На Калифорнискиот факултет завршил додипломски студии за филм.
Кејт Бекинсејл (IQ 152)
Британската глумица Кејт (40) е уште една во низата која го напуштила школувањето за да се посвети на актерската кариера. Ќерка е на двајца актери и глумата ѝ била составен дел од животот. Кејт после приватното училиште се запишала на Оксфорд, но го напуштила во трета година.
Алиша Кис (IQ 154)
Алиша е кантавтор, продуцент, глумица и текстописец. Почнала да свири клавир на седум години, завршила висока уметничка школа во Њујорк со најдобри оценки уште на 16 години. Истата година потпишала договор со Columbia Records, а добила и стипендија за на факултетот Колумбија, но брзо се откажала од студирањето за да се посвети на музичката кариера.
Уште 7 на следната страна...