Даниел Кајмакоски со големо срце и поддршка на дело за Србија и Босна
- Детали
- недела, 18 мај 2014
Денес на плоштадот Македонија во Скопје, додека сите граѓани безрезервно собираа хуманитарна помош и донации за настраданите од поплавите во Србија и Босна, покрај сите останати се појави и Даниел Кајмакоски.
Со големо срце, но и со вистински труд помагаше за да се спакуваат сите производи, да се пренесат сите кутии.
Рамномерно со сите присуни, без разлика на неговата популарност, без разлика што сите чекаа на ред да се сликаат со него, тој најде време за сѐ и за сите.
Покажа солидарност и благодарност на вистински начин со која им се оддолжи на сите кои го поддржаа кога му беше најпотребно.
Даниел е вистински пример за тоа како правилно треба да се користи популарноста, како се мотивираат сите луѓе за да помогнат и како се покажува човечност, благодарност и поддршка кога најмногу е потребно.
Денеска е гордост да се биде Македонец и гордост е да се знае какви јавни личности и идни големи ѕвезди има Македонија.