Секси танц на штикли
- Детали
- сабота, 25 јули 2009
Кимберли Вајат, членка на групата Pussycat Dolls започна самостоен проект - курс на кои пејачите и пејачките учат како да одат и играат на високи штикли.
Меѓу заинтересираните за проектот имало и неколку мажи кои сакаат да го подобрат својот од, без женски обувки.
“Неверојатно е како од начинот на кој некој се движи можете да процените колку е таа личност самоуверена, односно колкава самодоверба поседува. Некои девојки како да имаат две леви нозе“ - вели секси блондинката која може да ја подигне ногата 180 степени и често ги остава луѓето без здив.
Сепак Кимберли истакнува дека таа не планира да ја напушти групата, но нејзин најголем сон е да стане глумица.
“Како мала ги обожував филмовите “Flashdance” и “Fame” и драго ми е што луѓето се повеќе сакаат да танцуваат“ – вели Вајат.