Нејмар и девојката раскинаа само 1 месец откако добија дете: Ја молеше да му прости за аферата, се допишувал со порно ѕвезда
- Детали
- среда, 29 ноември 2023
Еден месец откако открија дека добија дете, фудбалерот Нејмар и инфлуенсерката Бруна ставија крај на врската. Веста ја потврди инфлуенсерката, по бројните гласини за неверствата на Нејмар, но и шпекулациите дека му дозволувала да ја изневерува, но само ако следи одредени правила.
Бразилскиот фудбалер Нејмар и неговата девојка – инфлуенсерката Бруна Бјанкарди ставија крај на врската, кратко откако добија дете.
31-годишниот фудбалер и 29-годишната инфлуенсерка соопштија дека добиле дете на 7-ми октомври годинава.
За раскинувањето се шпекулира некој период, откако се појавија гласини дека фудбалерот ја изневерил Бруна.
Сега, таа ги потврди вестите за раскинувањето со објава на Инстаграм Стори, а наводно се разделиле околу еден месец по породувањето.
„Ова е приватна работа, но бидејќи често сум поврзувана со новости, сомнежи и шеги, би сакала да ве информирам дека не сум во врска.
Ние сме родители на нашата ќерка и тоа е причината за нашиот однос“.
Гласините за неверствата на Нејмар се појавија откако беа објавени фотки од него со две различни жени.
Тој период се дозна и дека наводно, додека биле заедно, Нејмар и Бруна имале договор со кој таа му дозволувала да го изневерува, но му поставила неколку правила.
Истовремено, се појавија и гласини дека Нејмар се допишувал и барал голи фотки од ѕвезда на Only Fans додека бил со Бруна.
На крај, фудбалерот беше присилен јавно да ѝ се извини на Бруна бидејќи појавија и гласини дека ја изневерувал со друга инфлуенсерка.
Фудбалерот и Бруна беа заедно од 2021 година. Извесен период ја чуваа врската во тајност, а во јануари 2022-ра објавија заедничка фотка на Инстаграм.
Во август минатата година изјавија дека се разделиле, но набрзо потоа се смирија.
Прочитајте и Имале договор за неверства, но Нејмар го прекршил: Фудбалерот ја моли бремената девојка да му прости за аферата
Спирова С. | Црнобело