Како растеше Харпер Бекам: Од слатка буцка, до прекрасно девојче (фото)
- Детали
- вторник, 06 мај 2014
Нејзиното раѓање беше едно од најисчекуваните во светот. Какво прекрасно девојче ќе биде тоа кое има родители како Викторија и Дејвид Бекам? Покрај тројцата прекрасни синови, оваа мала принцеза ги освои симпатиите на сите.
Со така популарна и згодна мајка Викторија Бекам, пејачка и дизајнерка и најсекси фудбалерот Дејвид Бекам како татко, не е чудно што Харпер е едно од најпопуларните славни деца.
Уште од првиот ден со своето топчесто лице, буцкасти обравчиња и мали очиња, во прегратките на најзгодниот татко, буквално ги топеше сите срца и ги освојуваше сите погледи.
Кога на сето тоа ќе се додаде вниманието на Викторија во однос на нејзиниот стил, секогаш соодветно и модерно облечена, оваа мала кукличка веќе стана омилена детска модна икона.
Денес Харпер има 3 години, а малото буцкасто девојче како преку ноќ да се претвори во прекрасна мала девојка со долга руса коса и мал прчест нос.
Погледнете како растеше малата Харпер: