Леонардо Ди Каприо ужива со својата 21-годишна девојка на Бора Бора (фото)
- Детали
- вторник, 15 април 2014
Леонардо Ди Каприо не сака да дава изјави кога неговите љубовни врски се во прашање. Но, минатава недела не беше срамежлив со својата девојка, моделот на Victorias Secret Тони Гарн, со која се бакнуваше на плажа на Бора Бора.
39-годишниот Лео уживаше во водените лудории со својата 21- годишна девојка, која папараците ја фотографираа како се сонча топлес покрај својот Лео.
“Волкот од Волт Стрит” е познат по своите врски со убавиците на Victorias Secret, како Жизел Бундшен и Бар Рафаели. Но, ниту една од врските не заврши со брак.
Минатата недела во едно утринско шоу, Лео изјави дека ќе се ожени кога ќе почувствува дека таа е вистинската.
Дали Тони Гарн е вистинската проценете сами: