Таа е совршена - Моника Белучи за „Woman"
- Детали
- четврток, 27 март 2014
Една од најубавите Италијанки за која времето никогаш не одминува и никогаш не ја губи својата сензуалност, Моника Белучи, уште еднаш покажа како изгледа жена во вистинска смисла на зборот.
На насловната страница од априскиот број на шпанскиот магазин „Woman“ (Madame Figaro) таа позира во модели на „Dolce & Gabbana“ кои совршено ја следат линијата на нејзините облини и уште еднаш ја прикажуваат во најдобро светло.
Одамна е познато дека таа е нивни омилен модел, но и дека како сите модели на овој бренд се инспирирани токму од неа и наменети за неа. Моника Белучи е заштитно лице и на линијата кармини „Classic Cream“, исто така од Dolce & Gabbana.
Погледнете како изгледа дури и на своите речиси 50 години: