Мила и Ештон се подготвуваат за венчавка на Бали
- Детали
- петок, 14 март 2014
Ештон Качер и Мила Кунис, иако неодамна ја објавија својата веридба, веќе започнале со планирање на својата венчавка за која се шпекулира дека ќе чини околу 2,5 милиони долари.
Младиот пар посакува спектакуларна венчавка, со оглед на тоа што на Мила ова и е прв брак.
Самата церемонија ќе биде интимна за холивудските стандарди, па на неа се планира да присуствуваат околу 50 гости.
Местото на церемонијата е егзотичниот Бали, поточно луксузното одморалиште Hill Villas Hotel.
Неколку извори наведоа дека дури и Деми Мур ќе присуствува на венчавката, заедно со своите деца, и покрај тоа што неодамна се појавија гласини како Деми ја советувала Мила да не се омажи за Ештон.
Наводно, Деми била убедена дека ако тој изневерувал еднаш, ќе ја изневери и неа.