Кој со кого е најдобар пријател меѓу познатите?

Верувате во пријателство меѓу славните ѕвезди? Иако ви изгледаат дека често се озборуваат меѓусебно или гледаат конкуренција едни во други, колку и да се различни, сепак некои од нив се добри пријатели. Некои можеби и ќе ви бидат неверојатни, но сите имаат нешто заедничко што ги поврзува.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-01

Анџелина Џоли и Гвен Стефани

Познатите мајки, сакаат да се дружат и тоа најчесто заедно со децата. Пријателството се зацврстило кога Гвен Стефани го роди синот Кингстон во 2006 година, а ден подоцна Анџелина Џоли ја роди ќерката Шајло.

Пријателството е преку Бред Пит, кој уште со својата поранешна сопруга Џенифер Анистон бил на венчавката на Гвен и Гевин Росдал.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-1


Кортни Кокс и Џенифер Анистон

„Може да ви кажам дека двете сме среќни и богати што се имаме една со друга“, изјавила Кортни Кокс за магазинот „Мари Клер“. На сите им е познато дека овие две актерки пријателството го започнаа заедно за време на снимањето на популарната серија „Пријатели“ и дека Кортни многу ѝ помогна на Џенифер за време на разводот со Бред Пит.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-2


Џорџ Клуни и Бред Пит

Тие се спријателија  за време на снимањето на филмот „Единаесетмината од Оушн“, продолжија да се дружат и во неговите следни продолженија. Подоцна заедно основаа и добротворна установа „Not on our watch“, а им се придружил и Мет Дејмон.

На прашањето колку навистина се добри пријатели, Џорџ изјавил: „Ние сме добри пријатели, но на поинаков начин од она како што мислат луѓето. Ние не поминуваме премногу време заедно. На пример, Бред има дојдено во мојата куќа на езерото Комо се возиме со мотор, се забавуваме, но потоа се немаме видено цела година“.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-3


Доналд Фeисон и Зeк Браф

Актерите од познатата комедија „Стажисти“ која се снимала од 2001 до 2010 година и ден денес останале добри пријатели. Пријателството го започнале токму за време на снимањето на оваа серија, а денес  Зeк му е кум на Доналд и неговата сопруга Кејси Коб, кои се венчале во куќата на Зeк.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-4


Рис Витерспун и Челси Хендлер

За Челси, водителката на „Е! Talk Show“, Рис Витерспун има изјавено дека е толку добра пријателка што може да ги откаже и сите свои планови ако некој близок е нерасположен или сака само да седи и да гледа филмови. Исто така, нејзини добри пријателки се и Џенифер Анистон и Шарлиз Терон.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-6


Опра Винфри и Гејл Кинг

„Таа е мајка која никогаш не сум ја имала. Таа е сестра која секој би ја посакал“, раскажува Опра Винфри за 30-годишното пријателство со Гејл Кинг. „Пријателка каква што секој заслужува. Не познавам подобра личност од неа.“

Тие се доказ дека огромното богатство не е највредно и доволно, ако немаме вистински и искрен пријател покрај себе..

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-7


Џеј Зи и Крис Мартин

Еден од најпознатите рапери Џеј Зи и фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин соработуваа на албумот „Kingdom Come“, но се дружат и приватно. Исто така, се дружат и нивните сопруги Бијонсе и Гвинет Палтроу.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-8


На следната страница видете уште неколку славни пријателства...



Би можело да ве интересира:

„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg