Отворањето на Super Bowl 2014 и настапите на Bruno Mars и Red Hot Chili Peppers
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2014
Речиси подеднакво важно, како и спортскиот натпревар, е музичкото отворање и забавно полувреме на Super Bowl на кое оваа година настапија Bruno Mars и Red Hot Chili Peppers.
Химната оваа година ја испеа 54-годишната сопранистка Рене Флеминг. Таа е првата оперска пејачка која некогаш го отворила овој настан.
За дополнително загревање на присутната публика се погрижи Bruno Mars со својот 14 минутен микс, во кој беа собрани неколку негови најголеми хитови.
Енергичниот почеток го одбележа со краток перформанс на тапани, а шоуто го затвори со мелодијата на хит синглот „Just the Way You Are“.
Во меѓувреме, на сцената му се придружија и легендарните Red Hot Chili Peppers кои имаа доста краток, но подеднакво бурен сценски настап.
Како ви се допадна овогодинешното полувреме?