Како изгледала Емина Јаховиќ пред 10 години? (фото)
- Детали
- петок, 31 јануари 2014
Поп ѕвездата и судија на регионалниот Х-фактор, Емина Јаховиќ, денес важи за една од најубавите жени на Балканот.
Меѓутоа, не може да не забележиме дека од почетокот на кариерата значително е променета. Кога во 2002 година го издаде својот прв албум, Емина изгледаше многу поразлично од денес.
Поради огромниот број шпекулации околу нејзините естетски зафати и пластични операции, Емина неодамна се огласи со официјална изјава:
„Кога веќе сме кај операциите, дојде време да потврдам некои работи од прва рака, кои очигледно не ги знаете. Во животот на себе немам направено ниту една пластична операција, освен операцијата на носот кој првпат го скршив на 14 години. На 14 години не смеев да се оперирам, затоа што коските на лицето уште се развиваа, па морав да почекам. Тоа го направив до 21 година“ напиша Емина на својот Твитер профил и продолжи со демантирање за полнењето на усните.
„Моите усни се потполно природни и полни. Мајка ми често ми зборуваше дека се најубавото нешто што го имам на себе. И на сите тие искомплексирани, генетички мутации кои не се задоволни самите со себе, морам да им кажам, мајката природа на мене не штедела!“
По изјавата, не ги пропуштајте фотографиите и видеото од периодот кога Емина имала само 20 години, па сами заклучете колку поразлично изгледала балканската Пенелопе Круз.