Забранета реклама со Скарлет Јохансон - премногу секси?
- Детали
- вторник, 28 јануари 2014
Глумицата Скарлет Јохансон снимила реклама за сок, но се покажало дека делува премногу секси и навредливо за главниот спонзор на Super Bowl, па нема да биде емитувана за време на финалето од американскиот фудбал.
Скарлет на рекламата носи наметка и подготвува смеса за совршен газиран сок, после што се соблекува и на заводлив и провокативен начин пие голтка од сокот.
Дека производителите на овој сок имале намера малку да ја „пецнат“ конкуренцијата, открива и реченицата која ја изговара Скарлет: „Ова е поздраво и за мене и за вас, извинете Pepsi и Coca - Cola“. Токму поради тоа оваа реклама е забранета.
Главната причина е тоа што всушност Pepsi и Coca-Cola се главни спонзори на Super Bowl, па реагирале рекламата веднаш да се повлече.