Најдобро облечените ѕвезди од црвениот тепих на Греми наградите (фото)
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2014
Синоќешното доделување на Греми наградите започна погламурозно од било кога. Во долги тоалети, црни одела и одлично стилизиран изглед стотици ѕвездипродефилираа на црвениот тепих.
Бијонсе, Тејлор Свифт, Џастин Тимбрлејк, Лорде, Кети Пери, Робин Тике беа само некои од најдобро облечените, чиј изглед долго ќе се памети.
Додека машкиот дел од присутните се задржа до лежерната елеганција, овој пат дамите беа покреативни од било кога.
Со одлични креации, високи потпетици и аксесоари, најголем број од дамите извлекоа позитивни коментари за нивните појавувања.
Посебни пофалби доби Амбер Роуз која само неколку месеци по бременоста изгледа одлично во светкавата, златна тоалета, исто како и Криси Тејген, сопругата на Џон Леџенд, која исто така одбра раскошна, златна креација.
Кој друг направи одличен, а кој катастрофален избор на тоалета, откријте во галеријата: