Анџелина и Бред ќе посвојат седмо дете од Етиопија
- Детали
- четврток, 16 јануари 2014
Иако Бред Пит и Анџелина Џоли веќе имаат шест деца, полн распоред и исполнето време, сепак одлучни се во намерата уште малку да го прошират семејството.
Славниот пар сака да посвои девојче од Етиопија. Извор близок до нив раскажува дека веќе некое време тие зборуваат за проширување на семејството.
Оваа обнова на семејството веќе им е соопштена и на нивните 6 деца и сите возбудени исчекуваат.
Бред и Анџелина прво сакале да посвојат девојче од Јордан, но поради проблеми со постапката за посвојување, сепак се решиле да посвојат уште едно девојче од Етиопија од каде што е и нивната најстара ќерка Захара.
„Отсекогаш сакале таа да има брат или сестра кои ќе ги имаат истите африкански корени како неа. Би било идеално да биде девојче на возраст од 2-3 години“ – додава истиот извор и наведува дека посвојувањето најверојатно ќе се случи во текот на месец Април.