Деми Мур „улови“ помладо момче и од Ештон Качер (фото)
- Детали
- четврток, 02 јануари 2014
Откако минатата година тукушто се разведе од нејзиниот 35-годишен сопруг Ештон Кучер и откако беше поврзувана со многу други млади момчиња во текот на целата година, повторно продолжува со исто темпо.
Празниците Деми ги поминува на плажа во Мексико заедно со своето ново 30-годишно момче Сиен.
Тој не е некоја позната јавна личност, но од гласините кои се шират се дознава дека е дел од музичкиот бизнис. Изгледа симпатично и интересно, но не делува многу различно од неговиот претходник, актерот Ештон Кучер.
На плажата во Мексико, Деми на себе има само едноставни црни бикини кои го истакнуваат нејзиното тело. Со оглед на нејзината возраст од 51 година, таа има одлично задржана линија и затегнато тело.
Заедно со себе ја повела и нејзината 25-годишна ќерка Румер Вилис. За разлика од нејзината мајка, која без проблем го открива своето тело и јавно ја изразува љубовта кон новото момче, Румер изгледа како да сака повеќе да се скрие, отколку да се покаже.
На фотографиите се гледа дека без разлика на сè, Деми одлично се забавува и знае како да си го пополни времето. Се надеваме дека новиот почеток во новата година ќе ѝ донесе среќа која ќе ѝ потрае.
Погледнете како изгледаат заедно со 30-годишниот Сиен: