Никол Шерцингер во секси проѕирен фустан на финалето од британскиот „Х - фактор“
- Детали
- вторник, 17 декември 2013
Покрај воодушевувањата за талентот на победничката на ова талент шоу Сем Бејли, публиката е импресионирана и од изгледот на Никол, како член на жирито.
Нејзиното појавување во долг проѕирен фустан со деколте до папокот и сребрени тенки ленти кои најмногу ги прикриваа нејзините интимни делови, милиони гледачи остави подзинати.
Смелата креација на Џулиен Мекдоналд, Никол ја изнесе со голема самодоверба и сексапил.
Сите кои ја видоа не можеа да го тргнат погледот од нејзиното совршено извајано тело, беспрекорна фигура и блескавиот фустан кој точно откриваше и доволно покриваше за тоа да изгледа секси, но не и вулгарно.
Храбар избор за самоуверена девојка.
Комбиниран со златни светкави потпетици, речиси без никаков накит и лесно навиткана коса овој фустан беше полн погодок, кој како што напиша Никол на својот Инстаграм профил, „оживеал на неа“.