Адриана Лима - „баба“ меѓу ангелите на Викторијас Сикрет
- Детали
- понеделник, 16 декември 2013
Според стажот кој го има како Викторијас Сикрет ангел, Адриана Лима дефинитивно може да биде прогласена како баба помеѓу останатите ангели.
Таа и Алесандра Амбросио шетаат по пистата на овој моден спектакл веќе 13 години, но Адријана сè уште не се изморила од рекламирање на екстравагантната долна облека.
„Дефинитивно сум баба,“ низ смеа прокоментирала Адриана во разговорот за Вог.
„Прв пат во 2000-та година бев дел од овој спектакл и неверојатно е што издржав толку долго. Секогаш ги подржувам новите девојки. На пример, Кара Делевињ е многу кул. Ми се допаѓа вкусот на Викторија Сикрет тимот, секогаш избираат супер возбудливи девојки.“
Адриана открила дека сепак стекнала некои предности по толку години работа во модната индустрија, а една од нив е дека не мора да ја пробува облеката која сака да ја купи.
„Повеќе ништо не пробувам. По толку години поминати во моделингот, носев облека во најразлични стилови, така што можам само да погледнам некое парче гардероба и да знам дали добро ќе ми прилега или не.“
Адриана Лима од интервјуто во Лондон патува за Дубаи, од каде ќе отпатува во својот дом во Мајами. Заедно со своето семејство, таму ќе ги помине божиќните празници.