Раскош од $9 милиони долари: Новиот стан на Камерон Дијаз во Њујорк (фото + видео)
- Детали
- четврток, 12 декември 2013
Русокосата холивудска глумица, Камерон Дијаз деновиве си обезбеди нов луксузен стан од соништата.
За $ 9 милиони долари купи стан во познатите Вокер кули, кои се изградени уште во 1929 година во предградието Челзи во Њујорк. Секој квадратен метар, од вкупните 3022 м2 блеска од луксуз.
Во овој стан таа има три спални соби, три бањи, огромна тераса со поглед на Њујорк, а и целосно е автоматски приспособен. Киријата која ја плаќа за ова скапо задоволство е 5.000 долари месечно.
Посебна предност на станот се неговите дебели и изолирани ѕидови, кои овозможуваат Камерон целосно да ужива во својата приватност.
Во овој дел на Њујорк живеат и други познати личности, па нејзини соседи ќе бидат Харисон Форд, Кејти Холмс и Никол Кидман.
Погледнете ги фотографиите од сите соби
Преку ова видео прошетајте низ луксузниот стан на Камерон Дијаз