Холивудски ѕвезди кои треба да им заблагодарат на своите стоматолози
- Детали
- понеделник, 25 ноември 2013
Блескавите насмевки на холивудските ѕвезди не се такви природни само затоа што се познати. Сето тоа е благодарение на врвни стоматолози кои знаеле да ги направат вистинските корекции, а кај некои и вистински чуда, за да изгледаат како денес.
Убавата насмевка е задолжителна за јавните личности кои постојано се фотографирани и забележани во секој момент.
Дури и најубавите црти на лицето можат да бидат незабележителни ако немаат убави заби и блескава насмевка.
За разлика од тоа, покрај убавата насмевка може да бидат занемарени некои други недостатоци. Се вели дека и оној кој ни изгледа лошо и намуртено, ако има убава и мила насмевка може полесно да го прифатиме.
Погледнете ја галеријата со фотографии од познатите личности со холивудска насмевка, пред и по потоа: