Мудростите на Саманта Џонс
- Детали
- вторник, 29 октомври 2013
Ликот на Саманта Џонс продолжи да живее и да биде актуелен и по завршувањето на популарната серија „Сексот и градот“.
Ретко кој женски филмски лик станал толку влијателен на жените од различна возраст ширум планетата. Може д асе каже дека размислувањето на Саманта стана своевидна идеологија.
Еве неколку нејзини „мудрости“ кои нашле следбеници ширум светот.
За мажите и сексот
- Ако му кажеш на маж „те мразам“, ќе имаш најдобар секс во животот. Но, ако му кажеш дека го сакаш, веројатно никогаш повеќе нема да го видиш.
- Мажите изневеруваат од истите причини поради кои кучињата си ги лижат тестисите: затоа што можат.
- Нема повеќе пушење по баровите. Што е следно, ќе ни забранат и секс?
- Те сакам Ричард, но себеси се сакам повеќе!
- Никогаш не сум имала маж за пријател. Жените се за пријателство, мажите се за секс.
- Според мое искуство, ако мажот делува премногу добро за да биде вистинит, тогаш веројатно е така.
- Речиси сите врски за кои што знам се осноиваат на лаги и заеднички илузии.
За бракот
- На луѓето кои што нема да стапат во брак треба да им се даде награда.
- Старо правило: добар на хартија, лош во кревет.
- Нивната верзија „ние“ всушност е „јас и мојот пенис“.
- Вистинскиот маж е илузија. Почнете да го живеете својот живот.
Самодоверба, години и стареење
Здраво на сите, моето име е Прекрасна!
- Кога би се грижела за тоа што секоја шуша зборува за мене – не би излегувала од дома.
- Кери е тажна затоа што наполни 35 години. „Замолчи по ѓаволите“, и вели Саманта, „јас имам 140“
Овој несекојдневен филмски лик го карактеризираат сексуалната слобода, отвореноста и искреноста.
Исто така таа е одличен пријател, еден од оние кои ќе ве насмеат кога ви е најтешко.
Затоа и не е чудно што нејзините „мудрости“ стекнале женски следбеници ширум планетата. И презир од мажите, но според нејзината „филозофија“, тие и онака за ништо не се прашуваат.