Младата бунтовничка Луисиана Лопилато се враќа во форма по бременоста
- Детали
- вторник, 29 октомври 2013
Само 2 месеци по породувањето, Луисана Лопилато реши да се врати во форма. И покрај тоа што нејзината фигура е потполно иста како и пред раѓањето на нејзиното прво дете, таа беше забележана во една теретана како напорно работи на својата линија.
26 годишната актерка изгледа поприродно и полежерно од било кога. Облечена во тесни хеланки, маичка и спортски патики, уживаше во напорните вежби заедно со својот брат Дарио.
Само неколку часа подоцна, Луисана беше фотографирана како го користи своето право на глас во родната Аргентина, носејќи лежерна кошула и темен џинс.
Пред само неколку дена заедно со својот сопруг, но и овој пат без приновата, уживаа во свежиот воздух во Ванкувер.