Како Ким Кардашијан го прослави 33тиот роденден?
- Детали
- вторник, 29 октомври 2013
На 21 октомври Ким наполни точно 33 години и многумина ќе се согласат дека ова беше роденденот кој и го промени животот.
По изненадувањето од нејзиниот сегашен вереник, следеше спектакуларна забава во Лас Вегас.
За овој повод Ким одбрала бел фустан од тантела кој одлично ја истакнуваше нејзината совршена форма по раѓањето на малата Норт.
Аксесоарите овој пат ги изостави и се држеше до класиката - огромниот 15 каратен дијамант со кој ја закити Канје.
Тортата беше реплика на нејзиниот прстен, на чиј врв беа запишани иницијалите на нејзината Норт Вест, која на свет ја донесе пред само 4 месеци.
Многу танчерки, музика и познати, славни лица... Ова се првите фотографии од гламурозната роденденска прослава: