Новости за венчавката на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ
- Детали
- вторник, 22 октомври 2013
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ започнаа да ги разгледуваат можностите за тоа каде да се заколнат на вечна љубов.
Датумот сè уште не е официјализиран, но според првичните информации големи се шансите венчавката да се случи на 22 мај, односно по крајот на Roland Garros и воедно роденденот на Новак.
Како што младите планираат, целата церемонија би сакале да се одвива на тој ден. За почеток, матичната служба има големи шанси да се одржи на плажа на јадранскиот југ до која се пристигнува само со чамец, па е идеално место за приватност и мир за време на церемонијата.
Една од опциите за црковното венчавање е некоја од трите цркви на островот Свети Стефан.
На самата прослава не се очекуваат преголем број на гости, со оглед на тоа дека во план се само најблиските членови на семејството.
Без сомневање, ова ќе биде венчавката на деценијата со оглед на светската популарност на Ѓоковиќ!