На што ги трошат ѕвездите своите милиони?

Познатите не се како „обичните“ луѓе. Тие имаат и многу повеќе од тоа што им е потребно. Па, не знаејќи за што уште да ги потрошат парите, почнуваат да купуваат и да плаќаат секакви бесмислени и непотребни луксузни работи кои колку и да се чинат дека ете баш тие им се потребни во моментот, веќе во следното размислување, сфаќате дека се тоа само џабе потрошени пари.

zvezdite-troshat-celo-bogatstvo-iza-nepotrebni-raboti-01

1. Лејди Гага

Потрошила 60.000 долари на 27 риби увезени од Јапонија. Сигурно ѝ биле неопходни за некоја важна вечера.

2. Џенифер Лопез

Џенифер додека била со Бен Афлек, потрошила 300.000 долари за да му подари автомобил Бентли.

3. Селена Гомез и Џастин Бибер

Сосем вообичаено излегување на двјаца тинејџери: Во септември 2011, Џастин Бибебр го изнајмил „Стејплс центар“ во Лос Анџелс, каде вечерале и го гледале „Титаник“, потполно сами во сала за 200.000 луѓе.

Иако салата ја добиле бесплатно, Ем-ти-ви процениле дека ова излегување чинело барем 475.000 долари.

na-sto-zvezdite-gi-trosat-svoite-milioni-1

4. Кели Роланд и Бијонсе

Кели Роланд, најдобрата пријателка на Бијонсе на нејзината ќерка ѝ подарила дијамантска бебешка када покриена со Сваровски кристали, која ја чинела 5.200 долари и тоа уште пред да се роди Блу Ајви.

Бијонсе на Џеј Зи за неговиот 41 роденден му купила автомобил Бугати, вреден 3 милиони долари.

5. Сил и Хајди Клум

За жал, тенкиот мраз во нивната врска пукна, но се памети неговото запросување кога нарачал да се изгради 4 метри високо игло во кое ја запросил Хајди.

6. Кети Пери и Расел Бренд

Уште една врска која не успеала. Можеби затоа што му подарила пат во Вселената – патување кое чинело 200.000 долари. Веројатно тоа бил нејзин начин за да му каже да си замине.

7. Сандра Булок

Сандра Булок веројатно мисли дека нејзиниот син Луис расте како најголем познавач на уметноста. На една аукција таа ја купила уметничката слика „Праски“ на Енди Ворхол за 14.000 долари како подарок за својот син.

na-sto-zvezdite-gi-trosat-svoite-milioni-2

8. Елтон Џон

Елтон Џон и Дејвид Фурнис му посакале „добредојде“ на својот нероден син со бебешка соба која чинела 2 милиона долари изградена над нивниот стан во Лос Анџелес.

9. Кејти Холмс и Том Круз

Како свадбен подарок Том ѝ подарил на Кејти млазен авион вреден 20 милиони долари.

10. Анџелина Џоли и Бред Пит

Меѓу многуте подароци кои Анџелина му ги купила на Бред се наоѓа и мотор од 100.000 долари, маслиново дрво од 18.500 долари и најновиот подарок е водопад на кој може да се изгради куќа од соништата.

na-sto-zvezdite-gi-trosat-svoite-milioni-3

Би можело да ве интересира:

Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg