Avicii поставува неочекувани рекорди
- Детали
- четврток, 10 октомври 2013
Шведскиот продуцент и DJ Avicii со синглот Wake Me Up го постави овогодинешниот рекорд за најбрзо продаван сингл во Велика Британија. Песната со певлив текст и заразна мелодија заврши на прво место на топ листите во дури 47 земји ширум светот.
Сепак, ова не е единствен рекорд за Avicii – тој ја премина границата од милиони продадени дигитални примероци во Велика Британија и стана 144 артист во светот кој влезе во оваа листа.
„Да го имаш најбрзо продаваниот сингл во Британија за мене е огромна работа. Никогаш не сум ни мислел дека на таа листа има место за денс музиката како мојата. Имаме сопствени списоци и листи, но да имам број еден на официјалната листа за мене е потполно лудило,“ изјави 24 годишниот Тим Берглинг, познат како Avicii.