Џенифер Лопез и на 44 години има совршено тело и секси стомачни
- Детали
- петок, 27 септември 2013
Џенифер Лопез која има 44 години и е мајка на две деца, има супер згодно тело кое го покажува со последните модни трендови, носејќи кратка тексас кошула која е пресечена под градите и машки модел на фармерки кои одлично и стојат.
Има секси тело, затегнати мускули со многу вежбање и тренинзи. Па така, не се ни забележува дека има 44 години и дека родила две деца. Дури сè повеќе потсетува на онаа Џеј Ло од пред 13 години кога се појави на доделувањето на музичките награди заедно со тогашното момче, раперот Паф Деди.
Трендот на тексас модата го следат и други светски ѕвезди како Кристен Стјуарт , Мајли Сајрус, Џесика Алба.
За да изгледате одлично, а да бидете во тексас од глава до пети, најдобро е да ги комбинирате парчињата така што посветлиот тексас ќе го облечете на оној дел од телото каде сте послаби (стомакот или нозете). Надополнете со повпечатлив накит во посветли нијанси, за супер изглед.