Gossip Girl наскоро на филмското платно?
- Детали
- петок, 27 септември 2013
Gossip Girl, една од најпопуларните тинејџерски серии, има големи шанси да се најде на филмското платно.
Последната епизода на популарната серија беше прикажана во декември минатата година, а од тогаш започнаа и шпекулациите дека ќе се снима истоимен филм.
Актерката која ја глумеше мајката на Серена ван дер Вудсен, изјавила дека целата екипа се надева на снимањето на филмска верзија, но под знак прашалник е само Блејк Лајви.
„Сите се прашуваме дали ќе се изработи филм. Не знам, ќе видиме. Ќе биде прекрасно и Блејк да ни се придружи, затоа што без неа нема да биде исто. Таа беше извонредна во серијата, би било многу тешко без неа. Толку многу приказни се вртат околу нејзиниот лик, така што не знам дали би функционирало беа неа.“
Би сакале да ја погледнете оваа серија во филмска верзија?