Мајли Сајрус (не) отстапува од својот имиџ
- Детали
- четврток, 26 септември 2013
Американската тинејџерска ѕвезда Мајли Сајрус има нов спот во соработка со Мајк Вил Мејд Ит. Можеби изгледаше како 20-годишната ѕвезда да зажалила за настапот на доделувањето ВМА наградите, но очигледно негативните коментари само ја испровоцираа да продолжи така како што почна.
Во новиот спот за песната „23“ на раперот Мајк Вил Мејд Ит се појавува и Мајли, заедно со познатите рапери Виз Калифа и Џуси Џеј.
Мајли во спотот пее, но и рапува. Во последно време стана најозборувана скандал-девојка.
Се појавува минимално облечена, пуши марихуана, го плази јазикот и провоцира.
Многу од постарите колеги како Елтон Џон, по повод толкавата медиумска прашина која се крена околу неа, изјави дека не треба да заборавиме дека таа има само 20 години, прави хитови, знае да пее и има татко кој е многу долго во музиката и знае што прави.
За насловната страница на октомврискиот број на магазинот „Ролинг Стоунс“, Мајли е гола во базен и во интервјуто, меѓу останатото, зборува и за озлогласениот настап.
„Луѓето сега очекуваат да се плазам и да провоцирам секаде каде што ќе се појавам. Мислам дека такви глупости никогаш веќе нема да направам“.
Очигледно е дека тоа го направи уште неколку пати, но нејзиниот талент и првото место на топ листите никој не може да го оспори.
Еве ја во најновиот спот: