Џастин Тимберлејк и Џесика Беил: Маж и жена или...близнаци?
- Детали
- петок, 20 септември 2013
На црвениот тепих во Лас Вегас, брачниот пар носел многу слични костуми, припиени без вратоврски. Дури имаат и слична фризура фатена или зачешлана наназад. А и чевлите им се поврзани и слични, црни со истакнати врвови.
Како што се гледа на втората слика, за време на Лондонската модна недела во февруари тие исто така се појавиле многу слично облечени. Во иста темно сива нијанса на своите костуми, кои на сакото дури имаат и копче на исто место, а чевлите им се лакирани и црни.
Повторно има многу сличности во нивната облека и на шоуто на Том Форд.
Но, и кога не одат на манифестации, кога излегуваат на прошетка, повторно се облекуваат многу слично или барем во ист стил.
Дали се работи за нешто договорено или за толку многу случајности? На црвениот тепих или на улиците, тие сакаат да си одговараат во секој поглед. Можеби така покажуваат дека тие се пар во секоја смисла.
Дали вие би се облекувале исто или слично со вашиот партнер?