Тајни меилови, фотографии и пораки кои го раздрмаа Холивуд
- Детали
- вторник, 27 август 2013
Никогаш не испраќајте меил, фотографија или било какви пораки со провокативна содржина, без разлика за кого се наменети! Тоа е лекцијата која со тешки маки ја научија славните изминативе неколку години.
Ова се ѕвездите чија приватност барем на кратко стана достапна за целата јавност.
Голите фотографии на Скарлет Јохансон го пронајдоа својот пат до јавноста уште во 2011 година, откако и е провален меилот. Фотографиите биле наменети за нејзиниот тогашен маж, Рајан, но завршија на повеќе светски портали.
Џон Траволта во мај минатата година го тужеше својот масер кој тврдел дека имаат секс за време на масажите. Неполн месец подоцна, долгогодишен соработник на Траволта изјави дека не само што тој е хомосексуалец, туку е во врска со маж веќе 6 години.
Домашното видео на Колин Фарел кое се појави во 2006 година доживеа слава преку ноќ. Со неговата тогашна девојка Никол се обиделе да го спречат ширењето на ова видео, но безуспешно. За само 24 часа секс снимката на Никол и Колин беше прегледана милиони пати!
Телефонот на Мила Кунис е хакиран во 2011 година, а на него се пронајдени повеќе голи фотографии од Џастин Тимберлејк. Сепак и двајцата тврдеа дека тоа е дел од снимањето на нивниот заеднички филм.
Некогашниот маж на Џенефер Лопез се обиде да профитира во 2011 година, кога реши да објави нивно домашно секс видео. Меѓутоа, Џенифер на суд профитираше многу повеќе!
Минатото лето во јавноста се појавија фотографии од голиот принц Хари. Тој бил фотографиран со голем број на девојки, додека лудувал по казината и хотелските соби во Лас Вегас.