Скапоцена ѓаволска насмевка: Протези од злато и дијаманти
- Детали
- понеделник, 26 август 2013
Се сеќавате на златните протези и надградби на забите кои беа хит помеѓу хип хоп музичарите уште во 80тите години? Металните навлаки оваа недела штотуку се вратија во Холивуд!
Бијонсе, Мадона, Ријана и Кети Пери се само неколкуте кои се одлучија на овој потфат. Се работи за златни и дијамантски додатоци кои чинат повеќе од $10.000 долари и се изработуваат во најразлични облици, големини и комбинации.
Неодамна Мадона се пофали со своите заби извезени со злато, потоа следуваше Ријана со златна пушка на горната вилица.
Бијонсе не остана зад нејзините колешки, па се пофали со вампирски - златната насмевка, а Кети Пери реши златните и дијамантски протези да ги носи и на црвениот тепих.