Песни кои едни ѕвезди ги одбиле, а други ги прославиле
- Детали
- четврток, 22 август 2013
Старата изрека вели - она што за еден е ѓубре, за друг е богатство. Токму со овие зборови може да се опишат некои од најпознатите случаи за одбивање на големи хитови, кои првобитно не биле наменети за оние кои ги прославиле.
Кој и зошто ги одбил песните кои малку подоцна станале светски хитови, дознајте во продолжение...
We found love - ја одбила Никол Шерцингер, а ја прослави Ријана
Лоша одлука донела Никол Шерцингер која го одбила сегашниот мега хит на Ријана. Никол се водела според правилото дека имала доволно силни и впечатливи нумери во својата кариера. Токму оваа нејзина одлука се смета како најлоша која ја донела во својата кариера, затоа што благодарение на We found love, Ријана го потврди својот успех и во 29 различни земји се најде на првото место.
Umbrella - ја одбила Бритни Спирс, а ја прослави Ријана
Кога на Гугл ќе внесете Бритни Спирс и umbrella, ќе ви појави многу фотографии од вечерта кога се ишиша и кршеше автомобили со чадор во рацете. Сепак, приказната можела да биде многу поинаква. Големиот хит на Ријана насловен Umbrella бил посветен на Бритни, која поради проблематичното однесување беше приморана да паузира со кариерата.
Telephone - ја одбила Бритни Спирс, а ги прослави Лејди Гага и Бијонсе
Бритни имала уште една многу лоша одлука кога решила по демо верзијата на веќе снимената Telephone, да ја одбие. Истата нумера само неколку месеци подоцна ја изведоа Лејди Гага и Бијонсе, која беше продадена со 7,4 милиони копии.
Disturbia - ја одбил Крис Браун, а ја прослави Ријана
Пред да се појават сите груби фотографии од претепаната Ријана, Крис Браун не само што бил во емотивна врска со неа, туку и соработувал во нејзина корист. Наводно, песната која тој ја напишал и била наменета за неговиот албум и ја препуштил на Ријана затоа што сметал дека ќе звучи поубаво во женска изведба. Благодарение на Disturbia и Крис Браун, Ријана има кариера која се движи во нагорна линија, но не може да се каже истото и за нивната поврзаност.