Светскиот џет сет на хуманитарна забава кај Новак Ѓоковиќ
- Детали
- вторник, 09 јули 2013
Фондацијата на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, организираше хуманитарна гала вечер во Лондон каде што за загрозените деца ширум светот и Србија, беа собрани 1,2 милиони фунти.
Ѓоковиќ и неговата Јелена Ристиќ, која ги засени сите останати дами во креација на Оскар де ла Рента, беа домаќини на вечерта на која присуствуваа бројни ѕвезди, од глумци и спортисти до кралски семејства.
“Среќен сум што вечерва овде со мене е моето семејство и пријателите кои ми даваат неверојатна поддршка во хуманитарната работа која ја работам и е блиска до моето срце. Фондацијата се труди да создаде подобри услови за младите во Србија, сакаме да ги охрабриме и да им дадеме крилја за да ги исполнат своите соништа. Со голема помош на дарежливи луѓе, нашата визија е да допринесеме за позитивни промени во животот на многу дечиња ширум светот,” им се обрати Новак на присутните гости.
Познатите гости на аукцијата ги надминале очекувањата, па на листата покрај скапоцените предмети се најде и понуда за одмор со Кејт Хадсон и Голди Хоин на најубавата јахта за 2010 година.