Тие имаат облини кои гордо ги покажуваат

На другите често пати им пречат нивните облини, но тие за тоа воопшто не се грижат. Дамите од светскиот шоубизнис кои ви ги претставуваме, кога некој ќе ги искритикува за нивниот изглед, не се чувствуваат повредени туку веднаш реагираат со веќе подготвен одговор.

tie-imaat-oblini-koi-sakaat-da-gi-pokazuvaat-01

Ким Кардашијан

Зошто е критикувана: Коментарите за нејзините облини и дебелината започнаа кога беше објавена нејзина фотографија необработена во фотошоп, која откри дека Ким има целулит и неколку сантиметри повеќе во обемот на струкот и е далеку поразлична од онаква каква се претставува во јавноста.

Нејзината реакција: „Горда сум на своето тело и облините. Оваа фотографија е корисна бидејќи на луѓето им покажува дека тоа што се наоѓате на насловни страни не значи дека сте совршени.“

tie-imaat-oblini-koi-sakaat-da-gi-pokazuvaat-02

Бијонсе

Зошто е критикувана: Бијонсе пред објавување на албумот “Dream Girls” за само две недели изгуби 20 килограми, но за кратко време успеа да ги врати килограмите. Заради дебелината, започнаа шпекулациите со нејзината бременост.

Нејзината реакција: Критиките ја инспирираа за да го создаде хитот “Bootylicious”.

„Заради дебелината бев изложена на преголем притисок, беше неподносливо. Имав само 18 години и не требаше да размислувам на тоа. Кога имате толку години карактерот треба да ви биде најважен и да се забавувате. Таа песна ве советува како да заборавате на она што луѓето ви го кажуваат.“

tie-imaat-oblini-koi-sakaat-da-gi-pokazuvaat-03

Џенифер Лопез

Зошто е критикувана: Нејзината задница е легендарна, но пејачката ја критикуваа и заради нејзините гради. Фотографиите на Џенифер во бикини често пати не биле одобрени.

Нејзината реакција: „Го сакам своето тело. Со години мојата тежина не варира значајно, плус или минус 4 килограми. Има задник, гради и мани како и секоја останата жена. Не сакам да ослабам. Не сакам кога во списанијата гледам слика од девојки кои изгледаат слабо и несреќно, како итно да и е потребна храна.“

tie-imaat-oblini-koi-sakaat-da-gi-pokazuvaat-04

Скарлет Јохансон

Зошто е критикувана: Кога во Холивуд ќе ве оценат дека изгледате здраво, тоа значи дека имате вишок килограми. Скарлет Јохансон губела голем број на улоги токму заради нејзините облини и пресекси изгледот, кој не бил соодветен за одредени филмови.

Нејзината реакција: „Страшно е што им прават на жените со облини. Луѓето се опседнати со тежината. Тоа е лудо. Имам свој стандард за тоа како треба да изгледам. Здрава сум и се грижам за себе, тоа е важно.“

tie-imaat-oblini-koi-sakaat-da-gi-pokazuvaat-05

Ријана

Зошто е критикувана: Музичката ѕвезда од Барбадос со своите облини изнудува голем број на коментари во Холивуд. Она што е прифатливо во нејзината земја, во САД не е.

Нејзината реакција: „Го сакам своето тело, иако тоа не е совршено. Ги обожавам своите облини и не сакам да се решам од нив.“

tie-imaat-oblini-koi-sakaat-da-gi-pokazuvaat-06

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg