10 јавни тајни на Орландо Блум
- Детали
- вторник, 02 јули 2013
Иако мислиме дека знаеме сè за нашите омилени ѕвезди, понекогаш излегува дека сепак не е така. Во нивниот живот секогаш има нешто што успешно го сокриваат, но кога - тогаш испливува на виделина.
Ако и вие сте верен фан на Орландо Блум ќе се зачудите какви тајни успеал да сокрие од јавноста, барем на некое време.
1. Името го добил по композиторот Орландо Гибонс, кој живеел во 16 век
2. За време на снимањето на “Господар на прстените” имал голем инцидент бидејќи не користел замена во ризичните сцени. Орландо паднал јавајќи коњ и скршил ребро.
3. Орландо пати од дислексија.
4. Исто како и неговата сестра, и тој зборува течно француски.
5. Пушењето од младоста го заменил со грицкање на нокти.
6. Првата работа му била во стрелиште, каде што се грижел за глинени гулаби.
7. Една од најдобрите славни пријателки му е Џенифер Анистон.
8. Кога имал 13 години открил дека биолошки татко му е всушност вториот маж на неговата мајка.
9. Верувале или не, Орландо се плаши од свињи.
10. Во мај 2007 година во хотелската соба упадна обожавателка, лута заради тоа што тој никогаш не ја прегрнал ниту пак зборувал со неа, а таа го следела на сите премиери. Добила извинување и силна прегратка.