Прошталното писмо од Ноле за Јелена Ганчиќ

Во просториите на Тенискиот сојуз на Србија одржан е комеморација по повод смртта на големата шампионка Јелена Генчиќ. На комеморацијата, по пат на писмо, со Јелена се збогуваше и светскиот првак Новак Џоковиќ.

prostalnoto-pismo-od-nole-za-jelena-gancik-01

Со шампионката Јелена Генчиќ се збогуваа врвни луѓе на српскиот тенис, како и бројни пријатели. На оваа комеморација Дијана Џоковиќ го прочитала писмото на Новак.

„Драга моја Јелена, бескрајно сум тажен затоа што денес се збогувам со тебе. Во животот ме подготви за многу ситуации, за победи, за триумфи, за нашите трофеи, но за нашата разделба потполно сум неподготвен. Се збогувам со тебе бескрајно тажен што не можам да те испратам. Знам дека би ми се налутила ако се откажам и ја намалам шансата да ја исполнам и нашата последна заедничка желба, да го освојам Ролан Гарос. Ти благодарам на трпението, на огромната љубов. Ти благодарам на секојдневната поддршка, на советите кои ги паметам, на топлите зборови кои секогаш носеа некоја извонредна порака. Знаеш дека сите ги запаметив и дека до твоите правила секогаш се држам. Нашиот последен разговор, пред две недели не укажуваше дека нешто не е во ред. Тажен сум бидејќи тогаш се трудеше да ме ослободиш од сите грижи и ме уверуваше дека сè е во ред, дека си во болница бидејќи тоа е рутинска контрола, да не се грижам туку да победувам. Беше мојот најдобар ангел. И кога ме тренираше, а и подоцна, каде и да бев ја чувствував твојата поддршка. Искрена. Силна. Безрезервна. Остави неизбришлив белег во нашиот тенис. Должни сме ти сите кои сме денес со рекет во рака. Ти ветувам дека ќе се потрудам твоето име да го пренесам и на идните генерации и твојот дух вечно да биде присутен на тениските терени.”

Новак на вчерашната конференција изјавил дека неговите блиски одлучиле оваа вест да му ја соопштат по завршетокот на последниот меч.

„Разговорот кој го имав со Јеца пред две недели ме инспирираше да го играм најдобриот тенис токму на овој турнир. Таа секогаш беше отворена и ми зборуваше како морам да се сконцентрирам, користеше неколку интерни шеги за да ме мотивира и успеа во тоа.

Ова е најважниот турнир во оваа сезона за мене. Нејзиното заминување може само да ме мотивира да ја понесам титулата – за неа”, изјавил Џоковиќ.

Би можело да ве интересира:

Ја запознал на 17 години, ја запросил додека летале со балон: Љубовната приказна на Новак и Јелена Ѓ... „Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg