Анџелина Џоли ги отстрани двете гради заради страв од рак
- Детали
- вторник, 14 мај 2013
37 – годишната холивудска актерка, познатата убавица Анџелина Џоли одлучи да направи двојна мастектомија, за да ги намали шансите да заболи од рак! По извршените прегледи, докторите и објасниле дека таа има 87% шанси да заболи од рак на гради и 50 % шанси од рак на јајници, заради наследниот ген од нејзината мајка.
Мајката на Анџелина почина на 56 годишна возраст, по борбата со ракот од речиси 10 години, а Џоли реши за ова јавно да проговори со надеж дека ќе допре до многу жени, кои ќе го искористат нејзиното искуство.
Токму поради ова, актерката без размислување се одлучила на операција со која и се отстранети двете гради и заменети со силиконски импланти.
Актерката вели дека нејзиниот партнер, актерот Бред Пит и дал безрезервна поддршка и бил со неа за сето време, додека траеле операциите и периодот на закрепнување.
Оскаровката има 6 деца со Бред Пит, од кои 3 се посвоени и тие заеднички ја донеле оваа тешка одлука, откако лекарите воочиле „грешка“ во гените, заради што е многу веројатно во текот на животот да заболи од рак.
„Веднаш штом ја дознав оваа информација, решив да бидам проактивна и да го минимизирам ризикот што е можно повеќе. Почнав со операцијата на гради, бидејќи ризикот да заболам од рак на дојки беше поголем од оној на јајници, а и операцијата беше посложена“ – вели актерката.
„Откако се разбудив од операција се чувствував како дел од некој научно – фантастичен филм. Се што можев да видам беа мали лузни, а се останато си беше по старо. Тие знаат дека јас ги сакам и ќе направам сè да бидам што подолго со нив“ – се шегува актерката за своите гради.
„Воопшто не се чувствувам помалку женствено од претходно. Напротив, се чувствувам силно бидејќи донесов храбра одлука и тоа никако не ја намалува мојата женственост!“ – одлучно вели Џоли.
Актерката ги повикува сите жени кои имаат историја на рак на дојка или јајници во семејството да не чекаат да биде предоцна и да се консултираат со специјалист што треба да сторат.