Најдолгите холивудски врски

Холивудските врски со години ја интригираат јавноста. Во главно, тука се краткотрајните врски кои траат само неколку недели, а кои добиваат огромно медиумско внимание. Но, сепак постојат и холивудски успешни парови кои успеале да ги сочуваат своите врски, и покрај многубројните трачеви и празни приказни за прекин.

najdolgite-holivudski-vrski-01

Ви ги претставуваме најдолгите љубовни врски кои се доказ дека љубовта во Холивуд може да трае долги години.

Дејвид и Викторија Бекам
Дејвид Бекам и Викторија Адамс својата врска ја започнаа во далечната 1997 година. Од тогаш до денес успеаја да ја сочуваат и покрај многубројните трачеви за афери и љубовта да ја овековечат со дури 4 дечиња.

najdolgite-holivudski-vrski-1

Том Хенкс и Рита Вилсон
Том Хенкс во една прилика изјавил: “Јас сум вистински среќник! Рита можеше да одбере некој многу подобар, но, знаете, со текот на времето се чувствувате како да сте добиле лото!” Овој пар е заедно од 1988 година.

Вил Смит и Џејда Пинкет
Вил Смир ја запозна Џејда на аудицијата за серијата Принцот од Бел Ер. Џејда не ја освоила улогата, но затоа го освоила неговото срце. Во брак се веќе 15 години.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
Сара во серијата Сексот и градот често пати ги менуваше партнерите, трагајќи по совршениот, но во приватниот живот таа ја пронајде својата љубов уште во далечната 1997 година.

najdolgite-holivudski-vrski-2

Мелани Грифит и Антонио Бандерас
Од афера до одличен брак. Мелани и Антонио ја започнаа својата врска уште во 1995 година, во времето кога Мелани сè уште беше во брак.

Бијонсе и Џеј Зи
Најславниот музички пар врската ја започна во 2002 година, после многубројни работни соработки. Денес тие уживаат во славата и љубовта истовремено, без никакви скандали.

Стинг и Труди Стајлер
Стинг и Труди вешто ја чуваат тајната на успешниот брак. Дали е во прашање голема доза на романтика или пак нешто друго – тоа никој не го знае. Единствено што сите знаеме е дека се заедно од 1982 година и од тогаш уживаат во заедничкиот живот.

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg