Викторија Бекам - вообразена крава
- Детали
- вторник, 30 април 2013
Модната икона и некогашна членка на Spice Girls, Викторија Бекам одговори на нападите на британските медиуми дека заради работата ги запоставува децата, откако Дејвид се пресели во Париз.
„Опкружена сум со прекрасни луѓе кои го прават мојот распоред и сите мои активности околу децата“ – изјавила 39 годишната Викторија.
„Децата ми се приоритет и секогаш ќе бидат. Се будам рано наутро, работиме на спелувањето и математичките квизови пред да одат на училиште. Навечер легнувам доцна, заради бебето и 14 годишниот тинејџер кој не сака да си легнува рано.“
Викторија откри и како ја дизајнира својата облека: гола.
„Почнувам со разгледување на идеите со мојот тим. Сите сме многу блиски и отворени. Јас се соблекувам гола и креирам облека на себе. Така од прилика функционираме“ – објаснува Викторија Бекам.
„Сите мислат дека сум вообразена крава – ги разбирам и сама понекогаш го помислувам истото кога ќе ги видам своите фотографии.“