Чевлите на Кери Бредшо на аукција
- Детали
- петок, 12 април 2013
Во склоп со хуманитарната акција за помош на музичката школа во Њујорк, Сара Џесика Паркер се одлучи да подари три пара високи потпетици кои ги носела за време на снимањето на Сексот и Градот.
Сите заинтересирани купувачи ќе може да бираат помеѓу сандалите со потпис на Џонатан Келсиј, кломпите на платформа од Прада и класичните салонки од Долче Вита.
Покрај чевлите на Кери, на оваа аукција ќе се најдат и чизмите на Елвис Присли кои ги носел во дамнешната 1969 година, розевите потпетици кои Бритни Спирс ги носеше на минатата турнеја, патиките на Шекил О’нил, Миу Миу чизмите на Мадона, како и неколку пара чевли од Џенет Џексон.
Аукцијата можете да ја следите овде за да видите колку луѓето се подготвени да платат за еден славен пар чевли.