Аудициите на холивудските ѕвезди со кои се прославија
- Детали
- вторник, 09 април 2013
Пред да заблескаат на филмското платно, холивудските ѕвезди морале да се пријават на аудиции и покрај големата конкуренција да го убедат жирито дека се совршени за улогата.
Погледнете ги видео снимките од првите аудиции на холивудските ѕвезди со кои се прославија:
1. Роберт де Ниро на аудицијата за “Кум” (The Godfather)
Тогаш непознатиот актер не ја доби споредната улога како најстариот син на Дон Корлеоне, но во вториот дел од филмот го глумеше младиот Дон Корлеоне.
2. Натали Портман на аудицијата за “Леон професионалецот” (Leon: The Professional)
Натали Портман е толку младолика што не се променила многу во однос на дваесет годишната девојка која во 1993 година просто ја одушеви и конкуренцијата на аудицијата за ликот на Матилда, девојка која го освои срцето на убиецот Леон, а и на милиони гледачи ширум светот.
3. Меган Фокс на аудицијата за “Трансформери” (Transformers)
Иако е сосема сигурно дека атрактивната актерка повеќе фанови доби заради совршениот изглед, нејзината глума на аудицијата за овој филм беше доволна за улога.
4. Хју Џекман на аудицијата за “Х-мен” (X-men)
Пред аудицијата за улогата на Вулверин во Х-мен серијалот, ретко кој знаел дека постои овој талент, а токму вака изгледа аудицијата која му донесе голема слава.
5. Жерард Батлер на аудицијата за “Дракула” (Dracula 2000)
Повеќето од нас се навикнаа да го гледаат како мускулест мачо маж кој ги освојува срцата на жените или ги убива противниците. А во ова видео може да го видите како со тон шминка глуми за улогата на Дракула.