Ештон Качер со сите сили ја чува врската од јавноста
- Детали
- петок, 22 март 2013
По разводот од 15 години постарата Деми Мур, 35-годишниот Ештон Качер започна врска со неговата добра пријателка Мила Кунис. Таблоидите долго време шпекулираа за нивната врска, сè додека фотографиите не ја потврдија.
„На потешкиот начин научив колку е важна приватноста. Затоа со сите сили се трудиме да ги сокриеме сите детали за нашата врска“ призна Ештон, само неколку дена откако Деми Мур му пратила ново барање за развод. Деми бара Ештон да и плаќа месечна алиментација, но и да и ги плаќа услугите на адвокатот.
И додека неговата бивша жена бара пари од него, неговата сегашна девојка неодамна изјавила дека ќе ја жртвува својата кариера заради семејството.
„Сакате да имате живот или сакате кариера? Понекогаш можете да постигнете златна средина, но во филмската индустрија тоа е права реткост. Морате да одберете: приватност или кариера. Вистина е дека не планирам да глумам до крајот на животот. Сакам семејство, но еден ден,е одма утре“ бил погледот на Мила кон работите кои ги доживува во моментов.