Одмор од совршенството: Како изгледаат ѕвездите по доделувањето на Оскар?
- Детали
- среда, 27 февруари 2013
Иако на црвениот тепих изгледаа како кукли од излог познатите убавици по денот на доделување Оскар не изгледаат ниту малку гламурозно.
Раскошните ѕвезди преку ноќ се претворија во обични жени и мајки кои не се грижат многу за својот изглед.
За да заблескаат во полн сјај и да се покажат во најдобра светлина, само за една вечер, за најгламурозното доделување на Оскар, ѕвездите се подготвуваа со месеци.
Салоните за убавина и фризерските салони, одбирањето на облека, чевли, накит, соодветна шминка, се само еден дел од големата приказна низ која поминуваат ѕвездите за да заблескаат во полн сјај.
Но, откако ќе згаснат светлата на рефлекторите, волшепството го снемува, а актерките, манекенките и пеачките се враќаат во животниот колосек кој не им е гламурозен.
Само еден ден по Оскарот може да се видат познати лица во најобично издание, а на скапите фустани, елегантните фризури и беспрекорната шминка им нема трага.
Разбушавени, без шминка и во комотна облека која не е ниту малку гламурозна, ѕвездите релаксирано уживаат во слободното време и по само еден ден стануваат обични, жени, мајки и пријателки.