Бибер ја изневерувал Селена со Ријана
- Детали
- четврток, 07 февруари 2013
Иако Џастин Бибер и Селена Гомез веќе не се заедно, без оглед на коментарите на почетокот на нивната врска дека ќе трае само неколку месеци, тие беа заедно полни 2 години.
Тинејџерските ѕвезди се разделија и сега секој тргна по свој пат. Доста се шпекулираше за девојката која наводно ја растурила оваа идилична врска, но најновиот трач е дека Селена открила дека во 2011 Џастин се мувал со Ријана. Бибер и Рири наводно биле заедно во февруари 2011 откако заедно биле на кошаркарски натпревар.
„Селена се почувствува издадена, како некој да и забил нож во грб. Тоа беше во февруари 2011 кога беа во врска само неколку месеци. Таа негова постапка ја наведе да размислува за перспективата на нивната врска.“ – изјавил извор близок на Селена. Таа наводно сега се сомнева дека нејзината колешка и бившиот дечко биле во контакт цело време додека траела нивната врска.